Делегација од ВМРО-ДПМНЕ составена од Кирил Пецаков, Ане Лашкоска и Силвана Ангелеска, денес положи свежо цвеќе пред споменикот „Прилепски Бранители“ подигнат во чест на загинатите македонски бранители кај местото Карпалак.
Денеска се одбележува седумнаесет годишнината од убиството на десеттмината припадници на Армијата на Република Македонија. Тие на денешен ден пред точно 17 години, за време на воениот конфликт во 2001 година, во конвој се движеа кон Тетово кон своите воени позиции, но на автопатот во заседа беше нападнат армискиот конвој.