Делови од повеќе општини особено Карпош, Ѓорче Петров и Центар во овие моменти се погодени од пороен дожд проследен со силен ветер.
Според прогнозите на УХМР ваквото време ќе се задржи и во наредните денови се до вторник.
Инаку претходно пред само неколку часа во главниот град имаше слично невреме со пороен дожд и грмежи.
УХМР вакво време најавува и за низ целата земја во деновите од викендот, но и до средината на следната недела.