Ана Петровска која што беше независен кандидат за градоначалник на Скопје на овие локални избори, испрати демант по повод веста објавена во нашиот портал под наслов „Не гласајте за Шилегов“ кој во продолжение ви го претставуваме интегрално:
„Одредени интернет портали објавија текстови со наслов “Ана Петровска: Не гласајте за Шилегов”, што е неточно пренесување на изјавата од моето гостување на ТВ24. Како и претходно, јас се оградив од мое поврзување со некоја од големите партии и истакнав дека не поддржувам ниту еден кандидат, односно приоритет е застапување на зелените вредности во Советот на Градот Скопје. Секој граѓанин треба да гласа слободно и по сопствено убедување. Бараме порталите што ја објавија дезинформацијата да го објават овој став.“