Генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова испрати демант до нашата редакција за текст со наслов „Инфомакс открива скандал во Општина Аеродорм: Фирма во сопственост на пратеничка на СДСМ ослободена од комунални давачки“.
Нејзиниот демант го пренесуваме во продолжение:
Во интерес на вистината, а со единствена цел македонската јавност да биде вистинито и навремено информирана, должна сум да реагирам на текстот со наслов „Инфомакс открива скандал во Општина Аеродром: Фирма во сопственост на пратеничка на СДСМ ослободена од комунални давачки“, што е објавен денеска (02.01.2020 година) на вашиот портал Курир.мк, а е преземен од порталот Инфомакс.мк.
Со жалење морам да констатирам дека овој текст, во кој не се испочитувани ниту елементарните новинарски стандарди, е полн со лажни вести, неточни информации и податоци, а со единствена цел да се наштети мојот углед и чест.
Оттука, најостро ги демантирам сите тврдења во текстот кои се целосно невистинити, тенденциозни и со единствена намера да пласираат лажни вести во медиумскиот простор на државата.
Во текстот, кој формално нема автор, наведена е целосно лажна и неточна информација дека членови на моето семејство се поврзани со фирмата „Клико градба“. Ниту еден член од моето семејство не е сопственик на оваа фирма, податок што, за жал, авторот на овој текст ниту пак одговорните лица од порталот Информакс.мк не почуствувале потреба да го проверат.