петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Демолирањето на просториите на ОK на ВМРО-ДПМНЕ во Ранковце е само уште пример за стравот кој владее на Бихаќка“

„Демолирањето на просториите на ОK на ВМРО-ДПМНЕ во Ранковце е само уште пример за стравот кој владее на Бихаќка“

Зоран Заев и СДСМ се во паника. Демолирањето на просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ранковце е само уште пример за стравот кој владее на Бихаќка, страв од револтот на граѓаните кој е резултат на погубните политики на власта. Власта стравот од соочување со граѓаните го покажа во моментот кога не ги прифати предвремените парламентарни избори, а со последните постапки, притисоци врз партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ, апсења, приведувања, демолирање само уште еднаш потврди колку многу се плаши од сопствениот народ, изјави Даниел Павловски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ранковце кој додаде:

„МВР може да врти глава и да ги штити криминалците, но наближува денот кога сите ќе бидат откриени и соочени со правдата. Поразот ќе ги стигне. Зоран Заев и СДСМ не можат вечно да бегаат, не можат вечно да бегаат од соочување со волјата на граѓаните, од нивниот револт кој од ден на ден е се поголем.“

-Поразот на претседателските избори ќе ја најави зората, граѓаните со својот глас против Зоран Заев и неговиот пиун Пендаровски ќе го најават крајот на оваа криминална и одродена власт. По поразот на претседателските избори, предвремените парламентарни избори ќе бидат повеќе од извесни, кои ќе значат крај за политичката кариера на Зоран Заев, потенцираше Павловски.

Најнови вести