сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Денес, утре и во петок посебен сообраќаен режим во Скопје

Денес, утре и во петок посебен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 12, 13 и 14.10.2022 (среда, четврток и петок), одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Мерките ќе се превземат поради официјална посета на Македонија на претседателката на Националниот совет на федералниот парламент на Швајцарската конфедерација, Н.Е Ирене Келин, О.

Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Најнови вести