Денеска православните верници го прославуваат Рождество на Пресвета Богородица или во народот позната како Мала Богородица.
Народни верувања и обичаи
Некои семејства во свечена облека, иако не одат на слава или не слават, повеќе денови поминуваат во празнично расположение особено во краевите каде што се одржуваат панаѓури.
Се верува дека ако на овој празник е ведро, сонцето ќе се смешка и во текот на есената, а и во зина. Жените на овој ден не смеат да средуваат низ дома,да перат облека и други слични секојдневни работи.
Постои верување дека на Мала Богородица не треба ништо да се работи од работите со раце. На денешен ден не е пожелно да се почнуваат никакви работи, и тие да се одложат за некој од наредните денови.