петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Денеска лидерска средба за името?

На средбата се поканети државниот врв и лидерите на клучните партии во земјава
Денеска лидерска средба за името?

Лидерска средба на која ќе се разговара за последниот состанок меѓу министрите за надворешни работи на Република Македонија и Република Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц во Виена е најавена и треба да се одржи во Клубот на пратеници во Скопје.

На средбата се поканети државниот врв и лидерите на клучните партии во земјава.

Во Виена, Македонија и Грција разменија нацрт- спогодби што треба да бидат преточени од посредникот Нимиц во една, во рамките на резолуциите 817 и 845, од привремената спогодба меѓу двете држави.

Најнови вести