сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДЕНЕСКА НЕ СЕ НАДЕВАЈТЕ ДЕКА ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ВРНЕ: Еве какво време не очекува во наредните денови, особено подгответе се за викендот

ДЕНЕСКА НЕ СЕ НАДЕВАЈТЕ ДЕКА ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ВРНЕ: Еве какво време не очекува во наредните денови, особено подгответе се за викендот

Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне во западните и јужните делови со повремен дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Во сабота времето ќе биде преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Во недела времето ќе биде утрото постудено, преку денот сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен ветер.

Во понеделник времето ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер.

Инаку од УХМР денеска издадоа и актуелно предупредување:

Денес ќе има повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови каде повремено ќе бидат поројни и се очекува локално да наврнат околу 20 л/м2 дожд.

Најнови вести