Според добиените информации од грчките погранични служби, денеска од 12 часот, забраната за влез на сите товарни моторни возила во Република Грција е повлечена на сите гранични премини и сообраќајот се одвива непречено.
МВР соопшти дека според известувањето од грчките служби, забраната беше воведена на 05.01.2020 поради најава за лоши временски услови.