Во вчерашната емисија „Само вистина“ гостуваше Оливер Дерковски, претседател на ДИК кој ги повика кандидатите за претседател на Република Македонија да се придржуваат до етиката и до Изборниот законик.
Етиката која што треба да им биде прва на сите политичари пред се, да ги ограничува во она што го кажуваат, ветуваат и треба да внимаваат. Значи има неколку моменти до кои што треба да се држат сите политичари со цел да ја добијат довербата на граѓаните. Во минатото нашата држава многу пати политичарите кои што ветуваа се и сешто многу брзо ја губеа довербата кај граѓаните, појасни Дерковски.
Деркоски рече дека истото ќе се случува и сега и понатаму во нашата држава меѓутоа сите треба да се држат до некои етички норми, и затоа вчера ги повикавме да го потпишат Кодексот за фер и коректни избори. И да ги почитуваат законските прописи. Конкретно во нашиот Изборен законик член 8А точно се наведени работите кои што треба да ги избегнуваат, да ги прават политичарите, не само кандидатите сега во оваа изборна кампања туку и нивните поддржувачи се со цел да не наруши принципот на рамноправна застапеност и рамномерност во оваа изборна кампања.