Со полагање цвеќе на спомен – обележјето кај катлановско Блаце, денеска ќе се одбележат десет години од хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ.
Цвеќе ќе положат делегации од Министерството за одбрана (МО), Генералштабот (ГШ) на АРМ, Кабинетот на претседателот на Република Македонија, здружената оперативна команда, вбр, 1. механизирана пешадиска бригада и членови на семејствата на загинатите припадници.
Делегацијата на МО ќе биде предводена од министерката Радмила Шекеринска, додека делегацијата на ГШ од заменикот на НГШ на АРМ, генерал мајор Мухамет Рацај.
Делегација на МО и АРМ предводена од заменик-министерот Беким Максути ќе положи цвеќе и пред спомен обележјето на загинатите припадници на АРМ во касарната „Бутмир“ во командата на мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Претходно, делегации од МО и АРМ ќе положат цвеќе и на спомен обележјето пред командата на вбр во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.