среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Десеттата по ред позитивна препорака е добиена благодарение на придонесот на ВМРО ДПМНЕ, владата на СДСМ и Заев е најнеспособната до сега“

„Десеттата по ред позитивна препорака е добиена благодарение на придонесот на ВМРО ДПМНЕ, владата на СДСМ и Заев е најнеспособната до сега“

Датум за преговори нема во јуни, исто како што немаше и минатиот. Има само уште една голема лага на измамникот Зоран Заев. Десеттата по ред позитивна препорака е добиена благодарение на придонесот на ВМРО ДПМНЕ. Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев е најнеспособна влада до сега, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Најголемото ветување кое го дадоа Заев и Димитров минатата година по потпишувањето на срамниот договор од Преспа остана неисполнето. Годинешната препорака покажа дека минатата година Заев и Димитров заедно со владата ги излажаа граѓаните дека има датум за преговори на членство. Реформи во клучните области немаше претходната година, а нема ни оваа година, стои во партиската реакција и се додава:

„Извештај ги потенцира слабости во многу сектори. Слабости пред се врвот на корупцијата, состојбите во јавната администрација, состојбите во економијата и владеењето на правото. Оваа влада на Заев и следната година во јуни нема да има датум за почеток на преговори. затоа што едноставно не ги бива и немаат капацитет да сработат. Затоа решението е едно и едноставно оваа влада да си замине и да дојде влада способна и посветена, и конечно државата да започне преговори за членство во ЕУ“.

Најнови вести