Центарот за управување со кризи информиеа за состојбата со водостоите на реките по обилните врнежи од дожд. Пријавени се излевања на реки во неколку региони низ Македонија. Состојбата се однесува до 8:3о часот денеска.
Битолски регион
Од обилните врнежи од дожд на подрачјето на опш.Битола зголемено е нивото на река Драгор и има опасност од нејзино излевање кај Довлеџик каде што се наоѓа пумпна станица на ЈКП Водовод за вода за пиење за дел од градот Битола. Во текот на последните два дена со соодветна механизација интервенираат ЈКП Водовод и ЈКП Нискоградба (се прави насип крај реката Драгор како превентива за престојните дождови). Таа интервенција е приоритетна зошто имало опасност дел од градот да остане без вода. Од ЈКП Водовод известиле дека во моментот состојбата е под контрола, но екипите ќе останат на терен и ќе ја следат состојбата.
Во с.Породин кај живинарската фарма се интервенира со 3 пумпи за вода од ДЗС Битола. Има потреба од интервенција и на градежна машина за расчистување на реката од горниот тек, па се до мостот на влезот од селото. Потребна е градежна машина и што побрзо се расчисти коритото на реката.
Снабдувањето со електричана енергија и вода е редовно, освен во селата Буково и Горно Орехово кои се без напојување со електрична енергија
Струмички регион
Во последните неколку дена подрачјето на опш.Радовиш е зафатено од повремени врнежи од дожд кои го зголемиле водстојот во речните корита но нема излевање на речните корита со исклучок на река Сирава на вливот во река Плаваја, каде е оштетен преминот на патниот правец с.Подареш – с.Смиљанци. На овој патен правец можни се одрони и свлечичишта како последица од големата влажност на земјата. Преминот на патниот правец с.Подареш -с.Смиљанци ќе биде саниран веднаш штом се создадат услови за работа, односно по повлекувањето на водата. На регионалниот патен правец Радовиш – с.Ораовица – с.Подареш, на коловозот има воден талог и помали количини од нанос.
Охридски регион
По обилните врнежи има излевање на река Треска во реоните на село Подвис, кај вливот на река Студенчица во река Треска и кај месноста Лавчанско речиште. Излевањето е во ниви кои не се обработуваат и досега нема пријава за штети.
Од ЈП “Стандард”–Дебар, во која се наведува дека водата во Дебар и дел од Цента Жупа е заматена. Се препорачува превривање пред употреба.
Тетовски регион
Обилните врнежи во изминативе денови придонесоа за зголемување на нивото на сите реки во Тетово и Тетовско како и Гостивар и Гостиварско. Најризично за излевање е на потегот Сиричино-Јегуновце каде реката Вардар можно е да се излее и поплави поголем дел на обработлива површина. Исто така и река Пена постои опасност да се излее и поплави поголема обработлива површина на потегот село Фалише – село Сараќино.
Од ЈЗУ-Тетово известуваат дека водата во Градскиот водовод е заматена и се порачува хлорирање.
Поради големите врнежи на дожд водата за пиење e загадена и се забранува на граѓаните од Гостивар и околните села кои се напојуваат од градскиот водовод да ја употребуваат за пиење се додека официјално не се известат дека водата е исправна за пиење.
Кумановски регион
Заради обилните врнежи од дожд зголемени се водостоите на реките кои се влеваат во река Пчиња (Градшница и Петрошница) заради што има излевање на реката Петрошниоца помеѓу селата Макреш и Војник.
Излеани се Крива Река кај селата Белјаковце, Довезенце, Јажинце и Клечовце, и река Пчиња кај селата Шупл Камен, Пчиња и Студена Бара. По течението на река Пчиња поплавено е претежно земјоделски земјишта 7-8 викендици и 3-4 индивидуални куќи за живеење – претежно помошни објекти. Поплавено е и дел од обработливо земјоделско земјиште во атарот на селата Шупли Камен, Јачинце, Довезенце, Клечовце, Пчиња и Студена Бара. Специфичен проблем кој битно влијае на излевањето на реката Крива претставува претходно полупаднатиот мост кој ги дели селата Горно и Долно Довезенце, кој ја блокира водата која се заезерува и се излева од речното корито кон с.Јачинце.
Оштетен е и постоечкиот мост со цевки Ф – 1000 кој на реката Пчиња од Шупли Камен кон с.Клечовце по течението кај м.в.Визијана.
Зголемен е и протокот на реката Пчиња, во опш.Старо Нагоричане поради зголемен водостој во Р.Србија како и низводно поради вливот и зголемениот проток на реките Бистрица, Алгушница, Петрошница. Во моментот од страна на АД Кумановско Липковско Поле се превземаат дејствија за отстранување на вегетацијата и правење насипи на Река Пчиња кај с.Војник и Ветуница во атар на опш.Ранковце.
Во опш.Старо Нагоричане реката Пчиња излева од мемориалниот центар Асном до Куински мост во должина од 7км.
Во опш.Ранковце, на Ветуничка Река срушен е мостот на регионален пат во с.Ветуница кај м.в.Маркова Куќа. Во с.Гиновце, дотекла вода од суводолица која се има излеано на локален земјен пат и кон неколку ниви во близина. Надлежните од опш.Ранковце ќе преземат мерки за санирање на состојбата.
Во село Псача, опш.Ранковце на м.в.Стара брашнара водата од Крива Река има прелеано мост (изграден од шасија) и неможе да се утврди дали мостот стои или е однесен. Мерки ќе се преземат после намалување на нивото на водостојот.
Поради излевање на Крива Река кај с.Куклица, опш.Кратово, отежнато е поминувањето преку мостот на реката.
Обилните врнежи предизвикале и заматување на водата во градскиот водовод при што Претпријатието за стопанисување со водоводната мрежа врши хлорирање.