петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ДЕТАЛИ: Стружанецот наместо во самоизолација отишол во Албанија, па пак се вратил дома – казнет со 4.000 евра

ДЕТАЛИ: Стружанецот наместо во самоизолација отишол во Албанија, па пак се вратил дома – казнет со 4.000 евра

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга поднесе Предлог за издавање на казнен налог против едно лице заради кривично дело– Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот 36-годишен жител на струшкото село Драслајца, на 16 март со камион пристигнал на граничниот премин Табановце и пријавил дека патувал од Данска како земја со среден ризик за зараза со вирусот COVID 19. На граничниот премин бил запознаен со определените мерки за сузбивање и спречување на внесување и ширење на вирусот и потпишал изјава за задолжителна самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом. Но, уште истиот ден се јавил за излез кон Република Албанија на граничниот премин Ќафасан, преминал во Република Албанија и повторно се вратил во државава истиот ден преку истиот граничен премин. На 18 март повторно не бил затекнат во домот од страна на припадниците на МВР-ОВР Струга кои вршеле проверка дали обвинетиот ги почитува прописите и задолжителната самоизолација, информираат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби по 40 евра во денарска противвредност.

Најнови вести