И полициски службеници се уапсени во полициската акција против нарко група во кумановско Диво Насеље, објави Телма.
-Во групата која била цел на акцијата имало и полицајци и цариници и државни службеници, пишува телевизијата.
Истрага во обвинителство за организиран криминал и корупција е отворена за вкупно деветмина кои биле припадници на групата за шверц на дрога.
Претреси се вршат на повеќе локации во Скопје и Куманово, а запленета се и наркотици.