Како што е наведено во билтенот на МВР, возилото најпрвин удрило во бетонски ѕид на стара наплатна станица „Градско“ која веќе не е во функција, потоа истото се превртело на коловозот, а возачот бил префрлен во болницата во Велес.
-На патот Неготино-Велес, на стара наплатна станица „Градско“ која веќе не е во функција, синоќа во 22:15 часот влекач „Сканија“ со велешки регистарски ознаки и полуприколка „Гоша“, управуван од Б.Ј.(59) од Богданци, удрило во бетонски ѕид од наплатната станица и се превртел на коловозот. Во незгодата со повреди се здобил возачот и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велесстои во билтенот на МВР.