сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Децата кои страдаат од алергии и астма два месеци оставени без лекот „Фликсотиде“

Децата кои страдаат од алергии и астма два месеци оставени без лекот „Фликсотиде“

Два месеца децата со астма и други белодробни заболувања се без потребниот лек пумпицата Фликсотиде.

Родителите велат дека се снаоѓаат кој како може, бидејќи замена за лекот нема. Лекот го земаат од надвор, чекаат некој да замине во Бугарија или Србија. На товар на фондот лекот чини 70 денари, а надвор од Македонија во соседството приватно е 570 денари, анализира Канал 5 телевизија.

Од Агенцијата за лекови и медицнски средства објаснуваат дека носителот на одобрението за ставање на лекот во промет ја известил агенцијата за примвремен прекин на лекот.

-Производителот на лекот како причина за недостиг го наведува ограничувањето во снабдувањето со лекот, а планирано повторно снабдување е септември 2023 година. Производителот се обидува да го набави, пренесува телевизијата.

Родителите велат дека многу често децата кои боледуваат од астма и опстуркции ги нема ниту лековите како пулмикорд за инхалција на нивните деца и се принудени да одат во соседните земји да ги купат.

Целиот прилог на Канал 5 погледнете го во продолжение:

Најнови вести