Денеска се навршуваат 9 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.
Тој почина на 1 јануари 2012 година на 94 години во својот дом во Скопје.
Делегација на Владата предводена од министерот за правда Бојан Маричиќ и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска положи цвеќе на гробот Глигоров, во алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.