вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Дезертерот Ковачевски бега кукавички од одговори за скандалот, исто како што го избегнал и служењето на воениот рок“

„Дезертерот Ковачевски бега кукавички од одговори за скандалот, исто како што го избегнал и служењето на воениот рок“

Дезертерот Ковачевски со денови се крие од јавноста за скандалот со медицинската документација за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН која ја поднел за да одбегне служење на воениот рок. Дури се дрзна и безочно да ја излаже јавноста еднаш правдајќи се дека воениот рок не го служел заради школување, а вторпат заради хируршки интервенции. Лага до лага. По се изгледа се криел кукавички и тогаш кога бегал од обврската кон државата, бега и сега кога не дава одговори.

Но загрижува и молкот на институциите. Повторно прашуваме, зошто на Ковачевски се’ уште не му е покрената постапка за утврдување на деловната способност од страна на Судот во вонпарнична постапка според членовите 34, 35, 36 и 37, како и поведување на постапка за одземање на безбедносниот сертификат за пристап до државни тајни којшто според член 38 од ЗКИ и член 4 точка 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации не може да се издаде на лица кои НЕМААТ деловна способност и имаат здравствени проблеми.

Трајно неспособниот Ковачевски колку повеќе бега од одговори и одговорност, толку повеќе потврдува дека е дезертер. Еднаш дезертер секогаш дезертер. Еднаш лажго секогаш лажго.

Најнови вести