четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џафери: Светот е ништо без жената

Џафери: Светот е ништо без жената

Собранието денеска ја одржа 107. седница, прва од таков вид што е исклучиво посветена на унапредување на родовата еднаквост, истовремено одбележувајќи ја и 20-годишнината од формирањето на Клубот на пратенички. На седницата присуствуваа министерките и заменичките министри во Владата, претставници од дипломатскиот кор и од домашни и меѓународни невладини организации што континуирано соработуваат со Клубот на пратенички од формирањето во 2003 година до денес.

Претседателот на Собранието Талат Џафери им порача на пратеничките да бидат гласни, храбри, бестрашни, да бидат водилки во градење похумано, демократско и рамноправно општество. Тој најави дека традиционално, секој 8 Март, Собранието ќе одржува седница посветена на унапредувањето на состојбите на родовото прашање и родовата еднаквост во земјава.

– Немојте да потклекнете колку и да се чини дека ова е машки свет, сепак светот е ништо без жената. Вистинскиот дар би бил да го земете токму вие светот во раце и да го водите. Убеден сум дека тоа ќе биде многу подобар и поубав свет за сите – истакна Џафери.

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба уште многу да се работи за да се постигне родова еднаквост.

– Извонреден потег направивме со фемицидот, што го внесовме во Кривичниот законик и веќе нè цитираат, но извонреден потег ќе биде што ќе има во рамките на народното правобранителство посебен заменик што ќе се грижи за овие проблеми, но мислам дека уште остануваат многу нерешени прашања – рече Силјановска Давкова.

Најнови вести