Тоа не е план кој што го зборуваат од Владата, тоа е можност кој што го има РЕК Битола кога би била идеална, они велат со три блока ќе работат. Трите блока, тоа е капацитетот кој што го има РЕК Битола во нормални услови, но тие не можат да работат со три блока затоа што еден блок им работи, а тоа е блок 2. И тој блок не може да постигне моќност поголема од 180 мегавати. Или ТЕЦ Осломеј, зборуваме за 160 мегавати, а работи со 70. Зборуваме за хидрата кои што не знам во каков план ги имаат ставено од страна на Владата, кои што требаше денес да имаат некаде 70% од акумулации, тие имаа 29%. Тој план не е реален, со какви бројки они располагаат. Значи денеска ние не зборувавме за нивниот план, денес се презентираше планот на претседателот Мицкоски, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Димитриеска Кочоска додаде предлогот на претседателот Мицкоски е многу важен и би требало што е можно побрзо да се усвои. Затоа што планот на ВМРО-ДПМНЕ претставува помош.
„Со што ќе работат трите блока на РЕК Битола, тоа е првото прашање. А, второто прашање е што се случи со трансформаторот, нели имаше хаварија. Речиси година дена ние немаме се уште ставен во функција. Кај Владата само преовладува „ќе“, се е тоа идно време. Но, кога во јануари, во февруари, кога ќе стигнат? Кога ќе поминат пола од грејна сезона? Во енергетиката нема време за чекање. Туку треба сега и веднаш“, појасни потпретседателката.
Потпретседателката посочи дека едниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е да се обезбеди гас, за кој што контакти претседателот Мицкоски е подготвен да ги даде. И со тој поевтин гас кој што е поевтин од берза ќе се обезбеди производство на ТЕ-ТО од каде што топлина ќе добива градот Скопје. Со тоа нема да биде доведено во прашање греењето во Скопје. А, струјата ќе го надополнува оној дел кој што АД ЕСМ не е во состојба да го произведе. Во исто време ТЕЦ Неготино ќе добие мазут по поволни цени.
„Ние зборуваме за цени кои што ќе бидат под 200 евра за еден мегават час електрична енергија. А, тоа значи во овој момент вие имате над 400, јас верувам дека зимава ќе отиде и над 700 – 800 евра за мегават час. Можеби во пиковите, можеби и повеќе ќе порасне цената за мегават час. Така да ние зборуваме за производство на струја која што ќе чини 200 евра помалку, од 200 евра. Кај ТЕ-ТО нешто повеќе, но фактот дека ќе се користи топлината ја намалува за 7% цената на чинење, така и тука имаме некаде под 200 евра за еден мегават час“, појасни Димитриеска Кочоска.
Таа истакна дека со планот Македонија ќе има домашно производство на електрична енергија, а тоа од аспект на БДП е многу важно. Одливот на девизните резерви не е ист како кога би се увезувала како краен производ.
„И има огромен бенефит државата затоа што на некој начин е стабилна“, рече потпретседателката.
Димитриеска Кочоска истакна со планот на ВМРО-ДПМНЕ се дава решение и за бизнисот. Со планот ќе се обезбеди далеку по пониска цена електрична енергија за стопанството.