Оваа влада нема кредибилитет да зборува за реализација на капитални инвестиции затоа што и пред кризата нивната реализација на капиталните инвестиции беше катастрофална. Значи ако погледнеме ние каква е нивната реализација од 2018 од 2021 година тие имаат реализација 6,9 проценти во однос на вкупните расходи. Што не е за случај за периодот претходно, значи периодот од 2010 година до 2017 година некаде над 10 проценти имаме капитални расходи во однос на вкупни расходи, вели Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во Тема на денот во дневникот на ТВ СИтел.
Димитриеска Кочоска истакна дека ниту ММФ, ниту ФИЧ, а ниту пак Европската комисија не веруваат во планот на владата за реализација на капитални инвестиции, посочувајќи дека нивната реализација е само една желботека од страна на власта.
– Она што исто го потврдува и ФИ, го потврдува и ММФ, го потврдува и Европската комисија е тоа дека и тие не веруваат, и тие велат амбициозен е планот за инвестиции и од која причина токму поради таквото минато на ова влада која што не можела да реализира капитални инвестиции поради тоа што нема менаџмент, во институциите значи не доволно мотивиран кадар за да може да ги реализира овие инвестиции, изјави таа.
– Реализацијата на капитални инвестиции мислам дека е само една желботека. Зошто ова го говорам: А ко ја погледнете фискалната стратегија, ќе видете дека во фискалната стратегија беа предвидено за 2022 година 530 милиони евра капитални инвестиции за да неколку месеци подоцна, фискалната стратегија беше во мај, а во октомври го имаме буџетот и веќе скокна на 615 милиони евра, значи имаме имаме зголемување од 85 милиони евра за неколку месеци во услови кога не реализираме тоа што треба, рече Димитриеска Кочоска.