Во вечерашното гостување во емисијата ,,Анализа 24,, на Телевизија 24 гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, каде во однос на замрзнувањето на цените на прехранбените производи посочи дека замрзнувањето на цените на прехранбените производи требаше да биде многу порано.
,,Од аспект на домаќинствата мерката за замрзнување на прехранбените производи даде ефект, но од аспект на компаниите постојано стигнуваат поплаки. Во економијата велиме дека некој треба да ја плати цената во конкретниот случај со замрзнувањето на цените ја плаќаат компаниите и можеби тука требаше Владата да седне и да размисли што во таква ситуација“, истакна Димитриевска Кочоска.
Таа додаде дека замрзнувањето на цените требаше да биде многу порано, од причина што кај нас цените на прехранбените производи почнаа да растат многу порано поготово на основните производи.
Димитриевска Кочоска посочи дека компаниите коишто во оваа ситуација навистина имаат проблеми, но да не заборавиме дека проблемот со електричната енергија дополнително го усложнува тој проблем.
„Секојдневно слушам како пекари се жалат и колку проблеми имаат од една страна замрзнати цени од друга страна знаеме колку нив сега ги чини тоа производство, сега струјата по 6-7 пати е повисока од она што го плаќале во летниот период. Тука Владата треба многу сериозно да размисли што ќе прави со тие компании каде што ги замрзна цените“, заклучи Димитриевска Кочоска.