петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриеска Кочоска: Власта не се бори против сивата економија, ДДВ-то не се собира според планираното, со буџетот направија вештачка слика која не може да се реализира

Димитриеска Кочоска: Власта не се бори против сивата економија, ДДВ-то не се собира според планираното, со буџетот направија вештачка слика која не може да се реализира

Она што загрижува е дека ако се направи анализа ќе се види дека најголем дел од даноците не се прибираат, има поголемо прибирање само во делот на придонесите и на некој начин така се покриваат тие работи кои не ги прибираат даноците. Ќе остане дупка поради несобраните даноци, или ќе скратат во капитални расходи или друг дел. ДДВ-то она што ние како потрошувачи го плаќаме, фирмите после тоа го уплаќаат во државата и тоа кажува дека економската активност не е на соодветно ниво, односно не е на ниво како што планирала владата, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска за „Студио 10“ на ТВ24.

Таа потенцира дека власта имаше нереални проекции при проектирање на буџетот и тие нереални проекции, прават вештачка слика која не се реализира како што е планирана.

– Кога го правеа буџетот за 2023 година, проекцијата велеше дека ДДВ-то треба да биде поголемо од 14,7% во однос на 2022 година. Со оглед на тоа дека буџетот се носеше во октомври и тие не знаеја како ќе заврши годината испадна дека не го остварија ДДВ-то кое што им беше планирано. И сега овие 14,7% станаа реални 21,21%. Кога го правеа буџетот ставиле дека 2022 ќе заврши со 68 милијарди денари приходи по основ на ДДВ, а излегоа 64 милијарди денари. За 2023 планирани се 78 милијарди денари, што е тешко остварливо бидејќи во моментот по ДДВ сме еднакви на минатата година. Тоа кажува дека нема придвижување нагоре и ако се остане вака ќе има помалку приход на ДДВ, рече Димитриеска Кочоска.

Таа потенцира дека загрижувачко е тоа што не се собира ДДВ-то и ако погледнете апсолутниот износ колку треба да се собере, а колку данок на добивка и колку данок на личен доход, ќе се види дека тие два заедно не се колку само ДДВ, за минатата година.

– Во однос на приходите, ако погледнеме во Фондот за пензиско на расходната страна ќе видите дека јануари и февруари се остварува тоа што било планирано, но од март пензиите ќе бидат коригирани со порастот и ќе има поголеми расходи, повеќе ќе треба да се префрли отколку што е планирано така што овој вишок на приход ќе оди во пензискиот фонд, изјави Димитриеска Кочоска.

Таа нагласи дека од друга страна пари не се собираат поради тоа што власта не се бори со сивата економија како и дека во Македонија има пад на продуктивноста и моите сомнежи се дека дел од производите се во сивата економија и не се регистрираат.

Најнови вести