петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитров и Коѕијас во Скопје на 22 март, со Нимиц на 30 март во Виена

Димитров и Коѕијас во Скопје на 22 март, со Нимиц на 30 март во Виена

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, на 22 и 23 март доаѓа во официјална посета на Република Македонија, денеска потври македонското МНР.

Грчката делегација, предводена од Коѕијас, во четврток ќе пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје.

Веста за посетата истовремено беше потврдена за МИА и од грчка страна, преку владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос.

Македонскиот и грчкиот шеф на дипломатија, пак, на 30 март во Виена ќе имаат нова средба со посредникот на ОН во преговорите за името Метју Нимиц.

МИА

Најнови вести