понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитров на годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот

Димитров на годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот

Министерот за надворешни работи  Никола Димитров ќе учествува на регионалната конференција по повод 10-годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот што ќе се одржи утре и задутре во Белград.

Како што соопшти МНР, Димитров ќе се обрати на конференцијата како главен говорник.

За време на настанот е предвидено министерот да оствари неколку билатерални средби со реномирани учесници на конференцијата.

Главна мисија на Европскиот фонд за Балканот е да ја промовира интеграцијата во ЕУ на земјите од регионот и нивната трансформација во просперитетни и стабилни европски демократии.

МИА

Најнови вести