вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитров на тркалезната маса „Бергедорф“ во Сараево

Димитров на тркалезната маса „Бергедорф“ во Сараево

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Сараево учествуваше на тркалезната маса „Бергедорф“, која оваа година беше организирана на тема „Долгиот пат кон Европа: Западниот Балкан меѓу домашните предизвици и геополитиката“.

Министерот се обрати на панелот „Внатрешните реформи: доброто управување и владеење на правото”.

– Во Република Македонија денес имаме здрава политичка дебата. Успеавме да го промениме медиумскиот пејсаж и да го ослободиме медиумскиот простор. Верувам дека можеме да бидеме уште подобри. Треба да го менуваме системот, но и менталитетот и пристапот кон медиумските слободи, и воопшто кон улогата на критичката јавност, изјави Димитров по середбата, изјави Димитров.

На тркалезната маса учествуваа високи политичари, како и интелектуалци, публицисти и членови на граѓанското општество од Западен Балкан, релевантни земји-членки на ЕУ, Русија, Кина и САД, соопшти МНР.

Акценотот на тркалезната маса беше ставен на политичките структури и надворешните влијанија во регионот; исто така беа разгледани и начините на соработка меѓу ЕУ и регионалните партнери во земјите од Западен Балкан, со цел да се постигне поголема економска и политичка кохерентност.

Шефот на македонската дипломатија оствари средба и со Лилиана Тонги, потпретседател на Комитетот за надворешни работи во францускиот Парламент.

МИА

Најнови вести