сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитров од оптимист до скептик: Тешко е да зборуваме за надеж, откако три пати удривме во ѕид

Димитров од оптимист до скептик: Тешко е да зборуваме за надеж, откако три пати удривме во ѕид

Eвропската унија мора наскоро да го исполни ветувањето за отворање на преговорите за членство со Македонија, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во изјава за АФП.

Според него, не се доволни пораките на охрабрување по октомврискиот состанок на Европскиот совет, на кој не беше донесена одлука за старт на пристапниот процес.

„Мислам дека овие пораки се позитивни и потребни, но во оваа фаза за нас и за мене како министер за надворешни работи многу е тешко да зборуваме за надеж откако трипати удривме во ѕид – во јуни 2018, јуни 2019 и во октомври годинава“, изјави Димитров.

Најнови вести