петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитров: Со прифаќање на францускиот предлог Македонија ќе биде во уште поголемо статус кво од она кое досега го има

Димитров: Со прифаќање на францускиот предлог Македонија ќе биде во уште поголемо статус кво од она кое досега го има

Никола Димитров, поранешен шеф на македонската дипломатија и министер за надворешни работи во своето гостување во „Студио 10“ зборуваше за францускиот предлог каде посочи дека овој предлог нуди уште поголемо статус кво од она кое сега Македонија го има.

-Проблемот е ова што ни се нуди е уште поголемо статус кво од ова што сега го имаме, со една крупна разлика. Блокадите на Бугарија нема да прават нервоза кај третите земји членки и проблемот нема да биде и на ЕУ туку ќе биде само нас, топката ќе биде само во нашиот двор. Ако ние го прифатиме овој предлог таков каков што е не почнуваме преговори, таа политичка меѓувладина, првата веднаш што би се случила, што требаше денес да се случи не ги отвара преговорите бидејќи во предлог заклучоците на Франција цели, втората меѓувладина што ќе се случи по автоматизам дури и тоа не и се допаѓа на Бугарија, штом го смениме Уставот тогаш ќе ги почнеме, ама ние немаме дво третинско мнозинство за Уставот и со право, рече Димитров.

Димитров уште додаде дека доколку се прифати овој предлог Македонија ќе се стави на еден паркинг и дека проблемот ќе биде само на Македонија.

-Значи ова ќе не стави на еден паркинг, а проблемот ќе биде само наш, а внатре Бугарија има алатки, како што некој напиша во колумна „ќе бидеме постојано во едно бугарско менѓеме“ и ние нема да бидеме фокусирани да се европеизираме, да ни бидат независни судиите, да бидат и високите политичари во затвор ако имало корупција, да бидат медиумите слободни, да ја чуваме животната средина согласно европските стандарди, туку за жал ќе бидеме фокусирани на задоволувањата на Бугарија чија што амбиција е исклучително антиевропска, кажа тој.

Најнови вести