петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Димитров со трогателен статус се прости од својата мајка- да ти биде светол патот мајко моја прекрасна! (ФОТО)

Димитров со трогателен статус се прости од својата мајка- да ти биде светол патот мајко моја прекрасна! (ФОТО)

Ратка Димитрова, пратеничката од првиот парламентарен состав, почина на 80-годишна возраст.

Таа беше координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во период од 1991 до 1994 година.

Димитрова е мајка на политичарот и доскорашен министер за надворешни работи, Никола Димитров, тој од неа денеска се прости и преку статус на Фејсбук.

-Беше полна со љубов, грижа и чиста енергија, Ратка, моторот на Димитрови. Ведрина, радост и бодрење, поткрепа даваше широкоградо, на толку многу луѓе.

Македонските маки ги доживуваше како да се нејзини лични. Го береше гајлето на нацијата. Блескаше што и да фатеше, од фамилијата, па животниот повик – музиката, до општото, каде имаше само идеали и една чудесна и чиста наивност, толку многу потребна во политиката денес. Синоќа, во последниот повик до татко ми, на крајот го прашала каков бил денот во Собрание.

Со чувство на бескрајна благодарност, исконска љубов и огромна тага, да ти биде светол патот мајко моја прекрасна! Се гордеам што сум твој син, напиша Никола Димитров на својот Фејсбук профил.

Беше полна со љубов, грижа и чиста енергија, Ратка, моторот на Димитрови. Ведрина, радост и бодрење, поткрепа даваше…

Posted by Nikola Dimitrov on Sunday, August 30, 2020

Најнови вести