сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Димитров води дебата сам со себе дали да се кандидира за претседател

Димитров води дебата сам со себе дали да се кандидира за претседател

Шефот на дипломатијата Никола Димитров се уште размислува дали да се кандидира за шеф на државата. Во интервју за Гласот на Америка вели дека е во фаза на дебата сам со себе дали е добро да го направи тој чекор, иако одамна министерот за надворешни е во четворката кои се споменуваат како евентуални кандидати од владејачката СДСМ.

Имам дневни дебати сам со себе околу тоа прашање, но, во овој момент од една страна треба да мислиме каков профил ни треба, имајќи го предвид искуството од изминативе десет години, и од друга страна да видиме што ќе донесе овој важен процес, изјави Никола Димитров.

Најнови вести