среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димков: СДСМ со денови ја опструира работата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Димков: СДСМ со денови ја опструира работата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

СДСМ со денови ја опструира работата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, обвинува Трајчо Димков, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

-Императив за секој пратеник е претставничката улога што ја има во законодавниот дом и заштитата на правата и слободите на граѓаните би требало да биде на прво место. Јавно ги повикуваме пратениците на СДСМ да одговорат зошто не доаѓаат на оваа значајна комисија и со тоа ја попречуваат работата на истата. За информација на јавноста, на СДСМ не им одговара заклучокот што неминовно ќе произлезе доколку заседава оваа комисија, а се однесува на скандалозниот закон за управување со Охрид како заштитено подрачје под УНЕСКО, што го поднесоа во Собранието, па експресно го повлекоа и отидоа со лажен закон пред комитетот на УНЕСКО во Баку, истакна тој.

Димков посочува дека освен тоа, на заинтересираните, поточно невладината ФРОНТ, им е оневозможено слободен пристап до информации од јавен карактер.

-Собранието не може да донесе заклучок за да се утврди одговорност на носителите на јавните функции и да помогне во заштитата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Ги прашуваме пратениците, дали само она што и одговара на власта е од јавен интерес и зошто тие како претставници на граѓаните не овозможуваат штитење на јавниот интерес. Преку оваа анкетна комисија СДСМ си ја покажа дволичноста пред целата македонска јавност, посочи Димков.

Најнови вести