Овде нема две страни, сите сме за Европската унија и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ е и за ЕУ и за НАТО. Но, кога зборуваме за договорот со Грција работата е сосема поинаква, рече пратеникот Трајче Димков за време на гостувањето на телевизија 24.
-Ако зборуваме за договорот, разликата е голема. Едно е да гласаш за ЕУ и НАТО, друго е договорот со Грција. Со тој договор нема Македонија, договорот е надвор од законот, посочи Димков.
Тој посочи дека договорот е лош, и праша „како може да се прифати договор со кој се само уништуваш“.
-Проблемот е што ќе им кажеме на нашите деца. Потоа да појдеш кај некого на врата и да му кажеш да гласаш за да си го смениш името не можам да прифатам. Со договорот сме нова држава не постоиме веќе како Македонија, рече Димков.
Пратеникот посочи и дека со договорот нема да има академија на науките која ќе биде македонска, нема да има фудбалска федерација која ќе биде македонска.
Тој посочи дека е јасна кампањата на СДСМ бидејќи сака да остане на власт. Но, притоа не ја гледа ситуацијата во земјава.
-Економијата е катастрофа, ситуацијата е лоша, се е застанато на проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Значи ништо не е направено за да се подобри живот на граѓаните, рече Димков.
Пратеникот потенцираше и дека сите параметри се на најлошо ниво, или највисоко е нивото на задолжување, ништо нема во градежништвото или падот е многу голем.