сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димков: Со спогодбата се ништи македонизмот, се ништи Македонија

Димков: Со спогодбата се ништи македонизмот, се ништи Македонија

Колку повеќе се трудите да кажете или да одбраните нешто, а не можете, уште повеќе навлегувате и заглавувате во калта, реплицираше пратеникот Трајчо Димков во Комисијата за Уставни промени.

Димков запраша: Јас сум Македонец, моите се по потекло од Егејска Македонија и сега дедо ми Крсте и баба Елена кои останаа во Пожарско и живеат таму се Македонци? А, јас тука нема да бидам Македонец?

-Кажете им на луѓето дека ние не сме повеќе Република Македонија и оваа држава повеќе не постои. Тоа треба да им го кажете. И за јазик и за се. Ја бришете целата историја македонска. Значи се што е македонско со таа спогодба, а тоа не е договор туку е спогодба  се досега што направивте е незаконски и неправно. Значи треба да знаат граѓаните, ние посочувавме, многу пати им кажавме дека со оваа спогодба се ништи македонизот. Се ништи Македонија, не постоиме повеќе, нагласи Димков.

Димков потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е првата политичка партија која кажа дека сака влез во ЕУ и НАТО, додека СДСМ се уште беше за Титова Југославија во тој период. Да не се манипулираат работите. Граѓаните кажаа на референдумот, а СДСМ мора да го почитува правото но и волјата на граѓаните.

Најнови вести