вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Бугарија треба јасно да ги достави барањата до Македонија и се што бара од нас истото да го направат и они

Димовски: Бугарија треба јасно да ги достави барањата до Македонија и се што бара од нас истото да го направат и они

Што има во одговорите 5 плус 1 Македонија доставени до Бугарија на самитот на НАТО во Рига пред два месеци. Ние во државава немаме информација која е владината позиција, што е внесено во делот на одговорите од Македонија доставени до Бугарија. Нема информација во Собранието, ниту опозицијата има информација, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на вечеерашната дебата на телевизија 24.

Димовски укажа дека токму една точките што ги побара претседателот Христијан Мицкоски за да има средба со лидерот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски е информација за ова прашање.

„Дали има во одговорите на Владата има дека не отстапуваме од македонскиот јазик, идентитет дека тие се бетонирани. Дали ставовите од Декларацијата усвоена во Собранието ги има во одговорите до Бугарија“, го праша Димовски, Андреј Петров од СДСМ кој беше дел од дебатата.

Според него кога се говори за прашањето со Бугарија треба да се почитува принципот на реципроцитет.

„Многу европски би било сите барања кои ги има Бугарија треба да ги достави и за се треба реципроцитет. Се што треба ние да направиме да го направат и они“, рече Димовски.

Најнови вести