четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Факт е дека имаме Влада со сериозен недостаток на капацитети за справување со економската и здравствената криза

Димовски: Факт е дека имаме Влада со сериозен недостаток на капацитети за справување со економската и здравствената криза

Факт е дека ние имаме Влада со сериозен недостаток на капацитети за справување со политиките во време на криза и од здравствен аспект и од економски аспект, вели поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Тој во емисијата „200“ која се емитува на Алсат телевизија истакна дека Владата која е предводена од Зоран Заев, и покрај недостигот на капацитети за справување со пандемијата се однесуваше своеволно и самоглав, насилно ги тераше работите и не ги консултираше сите елементи во Собранието и покрај тоа што тие во собрание имаат само 62 пратеници.

„Во досегашниот период од владеење на оваа Влада, таа прилично дефанзивно се однесуваше во смисла на на нејзината обврска да стапи во контакт со сите елементи во Собранието. Беше прилично своеволна, самоглава, на дур што викаат старите ги тераше работите и во принцип мислам дека сега дојдовме во ситуација во која што владата почна да разбира дека Собранието е составено така како што граѓаните сакаат, а во тоа Собрание тие имаат само 62 пратеници“, истакна Димовски.

Но, додава Димовски, ако ВМРО-ДПМНЕ види тендеција дека владата е спремна да разговара за законите со опозицијата и со неа нив ги усогласат, тогаш можеби вчерашниот разговор со Мицкоски ќе даде резултата на среден рок.

„Ако видиме тенденција во насока на тоа дека се спремни да разговараат за законите, се спремни да се усогласуваат законите, да не ги носат своеглаво и самоволно. Можеби овој вчерашен разговор помеѓу Мицкоски и Заев ќе даде на некој среден рок резултати“, рече тој во однос на вчерашната лидерска средба меѓу Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во однос на одблокирањето, односно на давањето поддршка за законите во Собранието од страна на неговата партија, Димоски истакна дека од она што го виде во вчерашната изјава на Мицкоски, е дека нивните пратеници ќе гласаат за за оние закони за кои ќе бидат консултирани и за тие законски решени во кои ќе бидат вклучени.

„Јас она што го знам и што го видов од изјавата на господинoт Мицкоски вчера, е дека на секоја акција ќе има реакција. Онаму каде што ќе бидеме консултира, онаму каде што ќе биде опозицијата вклучена, каде што ќе бидат пратениците вклучени и во подготовката на законите, секако во рамките на тоа што е прифатливо“, појасни Димовски.

Најнови вести