понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: И покрај инструкциите од Украинската амбасада, Заев наседна на комедијанти

Димовски: И покрај инструкциите од Украинската амбасада, Заев наседна на комедијанти

На денешната седница на Собрание на Република Македонија пратеникот Илија Димовски од редови на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ истакна дека неговото пратеничко прашање е поврзано со мега скандалот што не само што ја потресе земјата туку целиот свет со разговорот на Зоран Заев и лажниот Порошенко.

– На 10 јули 2019 година поранешниот амбасадор Јури Гончурук за порталот МКД.МК дава ваква изјава: „Уште во 2017-та година имав состанок со претставниците на македонските безбедносни служби и со членови на Кабинетот на шефот на државата, и министерот за надворешни работи на кој предупредив на тоа дека некој лажно се преставува како претседателот Петре Порошенко и дека се јавува на државници“, прочита Димовски и додаде дека токму ова го има поставено и како прашање на претседателот на владата и министерот за надворешни работи.

Димовски истакна дека веројатно во делот на координација помеѓу двата кабинети одлучија да одговори кабинетот на претседателот на Влада, заради тоа што изјавата се однесува на министерот за надворешни работи.

Одговорот што го добив од претседателот на Влада е дека неговиот кабинет немал средба со амбасадорот Гончурук заради тоа што мандатот на овој амбасадор завршува 2016-та година без да ни биде кажано дека мандатот на новата амбасадорка Наталија започнува на 6-ти септември 2017 година. Што остава простор заради непрецизност да толкуваме дека некој ја вршел работата во Амбасадата на Украина во Република Македонија, додаде Димовски.

Димовски образложи дека МНР или пак кабинетот на Претседателот на Владата мора да се водат записници од такви средби и укажувања посебно поради тоа што украинското министерство за надворешни работи има испратено инструкции до сите свои амбасади во светот да пренесе усно дека се има ваква појава и дека бараат сите контакти со украинското раководство да се верификуваат преку украинските амбасади.

Ако министерството за надворешни работи ја работело својата работа морало да ја има оваа меморија на укажување од украинскиот амбасадор макар тоа да се случило пред мандатот на оваа влада. И тоа требало да биде доставено од МНР до кабинетот на Претседателот на Владата., до кабинетот на Претседателот на државата и до кабинетот на Претседателот на Собранието, во најмала рака. Од тој аспект ваквиот одговор за мене е неприфатлив, заради тоа што ваквиот одговор со кој што изјавата на амбасадорот Јури Гончурурк се прогласува за fake news или лажна изјава може да помине господине Заев само помеѓу вашите двајца, тројца медиумски советници и министерот за вистина г. Роберт Поповски, но не може да помине во овој Парламент, потенцира Димовски.

Најнови вести