среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Смешен е изговорот на владата дека со пописот дека ќе донесе инвестиции

Димовски: Смешен е изговорот на владата дека со пописот дека ќе донесе инвестиции

Најголем број и најобемни инвестиции во Република Македонија имаше во 2011 година кога пропадна пописот. Така да сега поврзувањата на овој попис со не знам каква најава за инвестиции во Република Македонија на една ваква неспособна влада во делот на економијата треба да тргнеме настрана и не изгледа сериозно тоа што го вели владата. Второ, ние ќе бидеме единствена држава во Европа која што попишува население кое што е подолго една година надвор од државата. Нема друга држава, истакна поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на емисијата „Студио 10“ на 24 телевизија.

Димовски посочи дека Еуростат вели дека се попишува население до една година ако е отселено од државата. Нема друга држава во Европа која што попишува население, државјани кои што се две, три, пет години надвор од матичната држава.

-Во 2011 година на терен со многу построг закон, со многу посериозен закон во кој што се предвидуваше да има двајца попишувачи, наместо еден попишувач. Кој што предвидуваше балансирани реонски комисии, наместо само секретарот на општината да ги раководи тие комисии. Предвидуваше давање на документација, не фотокопирана, туку оригинална документација. А, сега не бара документација, сега е доволно да го кажам вашиот матичен број и да се претставам како лице што ве најдобро знам, за да можам да ве попишам вас, рече Димовски.

Димовски додаде дека минатиот Закон за попис беше многу построг и посериозен. А, денес новиот Закон е многу со пуштени елементи.

Најнови вести