вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Власта нема намера да направи попис на население туку на државјани, а тоа може да го дознае уште веднаш преку МВР

Димовски: Власта нема намера да направи попис на население туку на државјани, а тоа може да го дознае уште веднаш преку МВР

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше во емисијата „24 Анализа“ каде што посочи дека власта според најавениот можен попис има намера да направи попис на државјани не на население. Ако власта сака да знае бројка на државјани може да го дознае и преку дата базата на МВР.

„Не е битно прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува или нема да учествува, прашањето е дали власта има во предвид дека единствен добар попис во Република Македонија е попис во кој ќе веруваат сите“, истакна Димовски.

Димовски додаде дека наназад со години кога се правеше попис граѓаните не веруваа во него, затоа треба власта да се потруди да направи попис во државата во кој ќе веруваат сите.

„Законот како што така е поднесен не дава гаранција, прво затоа што е поднесен со европско знаменце, значи практично може да се истурка за три дена. Со европско знаменце е лош сигналот, на ваков начин власта покажува дека дури и да има добри амандмани ако не ги прифати сето тоа ќе заврши се за три дена. Лош е знакот. А, во европскиот Извештај пишуваше и дека се злоупотребува европското знаменце за носење на закони“, рече Димовски.

Димовски посочи дека начинот на кој што се предлага спроведувањето на пописот не е попис на население според стандардите кои што ги има ЕУ и ОН, туку е попис на државјани. Според Димовски Република Македонија нема потреба да прави попис на државјани, бидејќи има дата база во министерството за внатрешни работи, таа брои над 2.4 милиони жители. Ако е целта за да се утврди бројот на државјани тоа со еден клик на компјутер МВР може да го даде како бројка уште утре. Власта како што го има најавен пописот нема да даде биде попис на население.

Најнови вести