Премиерот Заев и министерот Филипче уште денес нека си поднесат оставки, доколку нвистина спротивно на препораката на Комисијата, ова лето дозволијасвадби и журки на затворено (ова го кажа Караџовски), коментира на социјалната мрежа на Твитер поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илиј Димовски, откако денеска претходно претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, ги критикуваше владините власти зошто не ги послушале нивните препораки да не се дозволуваат свадби во затворени простории.
Караџовски, ги критикуваше владините власти зошто не ги послушале нивните препораки да не се дозволуваат свадби во затворени простории во текот на летото и потенцира дека од свадбите настрадала цела држава.
За Алсат изјави дека пациент со мутацијата делта може да зарази уште седум други лица.
-Денеска имаме околку 1.200 регистрирани случаи. Состојбата епидемиолошки е несигурна, со тенденција за влошување, потенцира Караџовски.
Караџовски вели дека за да не се прогласуваат карантини и полициски час по четврти пат, граѓаните треба да се вакцинираат масовно, но што е можно во пократко време.
Според неделниот извештај на ИЈЗ, жариштата на инфекцијата и понатаму тлеат во регионите каде што бројот на вакцинирања бил помал, а превентивните мерки против Ковид не беа воопшто почитувани во текот на летото. Најлоша е состојбата во Тетово и Гостивар, но и во Кичево и Струга. Потоа следуваат Скопје и Куманово. Болниците во овие градови се полни и се активираат модуларните капацитети.