Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Вестите на Канал 5 телевизија, во врска со престојните локални избори истакна дека зголемениот опозициски блок, раслоеното владеачко мнозинство и анти-владиното расположение кај граѓаните ќе донесат победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
-Овие локални избори гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ излегува со нови кандидати и со нови имиња на политичката сцена, значајно е она што не само што го зацврсти јадрото на својата коалиција туку гледаме дека и со новите партии, но и со независни кандидати ги прифати и ги поддржа како свои го зголеми опозицискиот блок, а од друга страна владеачкото мнозинство очигледно се раслојува, односно партии кои се дел од владеачкото мнозинство, но на овие избори ќе трчаат сами, па и независните листи и досегашните функционери на СДСМ во неколку општини итн. објасни Димовски.
Тој посочи исто така дека од една страна има укрупнување на опозицискиот блок, а од друга страна има очигледно сериозно и повеќекратно раслојување на владеачкото мнозинство.
Димовски смета дека горенаведеното ќе има големо влијание врз резултатите на изборите, а ќе влијае и врз редефинирање на веќе видливото анти-владино расположение помеѓу граѓаните.
Во однос на новата предизборна соработка со Алтернатива и Алијанса , Димовски истакна дека таа коалиција ќе биде победник на овие локални избори.
-Ако оваа коалиција успее да го зголеми обемот на соработка со другите помали партии македонски или албански, а кои ќе настапуваат самостојно на овие избори ќе исто така на одлуката, но доколку се случи, а очекувам победа на опозицијата мислам дека тесното и мало владеачко мнозинство нема да има простор да опстане, дали ќе се оди на брзи парламентарни избори или промена на власта со надгласување во Собрание останува да видиме, но јасно е дека колку разликата ќе биде поголема помеѓу опозицијата и власта на овие избори, толку поедноставно ќе се случи транферот на власт.
Димовски објасни дека политичката партија Левица не го препознала моментот, дека за овие избори како што вели, можеби требаше во делот со градоначалниците да даде отворена поддршка онаму кадешто немаат свои кандидати, затоа што крајна цел на секоја опозициска партија треба да биде и рушење на власта на Зоран Заев, заврши Димовски.