вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДКСК ќе постапува по случајот со Рашкоски

ДКСК ќе постапува по случајот со Рашкоски

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе постапуваат по случајот со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, во врска со тендерот за безбедносниот систем на Македонска навигација.

Од ДКСК потврдија дека ќе проверуваат дали Рашковски има евентуална вмешаност во изборот на оператор кој треба да постави нов радарски систем на скопскиот аеродром.

Инаку, Рашковски, деновиве е во средината на скандалот со италијанската компанија Леонардо во кој наводно мести 7 милионски тендер во М-НАВ.  На прес-конференција видно нервозен најави тужби за претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и за македонски медиуми кои известуваа за овој скандал, кој патем веќе го објавија и медиуми во Италија.

Најнови вести