сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„ДКСК констатира незаконско работење во тоа што консултантот Шилегов зема пари од адвокатот Шилегов“

„ДКСК констатира незаконско работење во тоа што консултантот Шилегов зема пари од адвокатот Шилегов“

Петре Шилегов има договор за хонорарни советодавни, консултатнтски услуги со Петре Шилегов и за тоа си наплаќа 50 илјади денари месечно или околу 10 илјади евра на годишно ниво. И тоа со години! Дека овој т.н. договор е судир на интереси како влез во корупција и криминал, го констатира и државната антикорупциска и му наредува на Петре Шилегов да го раскине договорот сам со себе, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Едноставно, почитувани, постои документ во државната антикорупциска комисија со кој што се КОНСТАТИРА судир на интереси за односите на Петре со Шилегов. Значи по неколку години консултации сам со себе, на Шилегов не му проработува чесноста, туку е фатен во судир на интереси. Ова е документот од антикорупциска со датум од 1 декември 2020 година, одлука по предмет од 22 мај, за судир на интереси во односот на Петре со Шилегов. Ова е јавно достапен документ на интернет страницата на ДКСК, Одлука број: 09-2034/9 од 01.12.2020 година.  Ова фактички е повторување на делото од Шилегов, бидејќи во 2015-тата година, за соработка со својата компанија е констатиран судир на интереси од ДКСК, за сега тој повторно да работи со договор сам со себе како градоначалник од 2017-тата година, истакна тој.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека ова е одлична консултација сам со себе – повтори го делото – за хонорар од 50.000 денари месечно.

– Адвокатот Петре Шилегов е познат по својата работа на стопанското право. Судирот на интереси е основа, стартна позиција за корупција и криминал, и тој тоа го знае. Петре Шилегов, градоначалникот треба сам да одговори, што е резултат на овој судир на интереси и дали и колку тоа го чини Градот Скопје? Шилегов мора да одговори веднаш за што се делени тие 10.000 евра годишно?  Колку тие за 50.000 денари месечно за Шилегов до Шилегов се поврзани со работењето на Град Скопје но и со раководењето со ЗЕЛС и поврзаноста со другите општини во Македонија? Дали можеби тие консултации се поврзани со работата на јавните претпријатија финансирани од Град Скопје, имаат ли врска консултациите со распишаните тендери од Град Скопје и од ЈП под Град Скопје или пак под другите општини во Македонија? Поранешниот член на Второстепената комисија за жалби по јавни набавки мора да имал силен мотив за повторување на договорот со конфликт на интереси, и тоа веднаш штом доаѓа на чело на Град Скопје, рече тој.

„Заради посветеноста на Шилегов на консултантството и кон очигледната  примарна страст – стопанското право – Скопје е запустено, граѓаните се излажани, нема исполнето ниедно ветување, нема зиплајн, ниту гасификација, ниту чист воздух, ниту чиста околина, ниту пари има за спортот или пак за помош за деца за следење на наставата“ – порача Стоилковски.

Најнови вести