среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДКСК се огласи за скандалот во Гостивар

ДКСК се огласи за скандалот во Гостивар

Соопштение за јавност на Државната комисија за спречување на корупцијата:

Во врска со одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата по предметот со бр. 12-2971 од 03.06.2019 година, известуваме дека иницијативата за кривично гонење против службени лица во Општина Гостивар е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353-в вв чл. 364 од Кривичниот законик (“Службен весник на РМ” бр. 37/96 … 55/13).

Службените лица, иако знаеле дека осомничениот граѓанин не се придржувал до издаденото одобрение за градење, сепак не постапиле во согласност со одредбите од чл. 132 – чл. 143 од Законот за градење (“Службен весник на РМ” бр. 130/09 … 168/18 и “Службен весник на РСМ” бр. 244/19 и 18/2020).

Дотолку повеќе што за конкретниот случај постои и обвинителен акт против осомничениот граѓанин, а овластениот градежен инспектор во Општината бил повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство Гостивар, од каде јасно произлегува дека знаел дека се води истражна постапка за конкретниот случај, без да преземе дополнителни мерки согласно со законот. Обвинителниот акт против обвинетиот граѓанин, е производ на поднесената кривична пријава од страна на оштетениот пријавител, а не од страна на Општина Гостивар, како што е изнесено во јавноста.

Предметната одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата е производ на спроведените постапки од нејзина страна и следствено претставува резултат на обезбедените сознанија за конкретниот случај. Изјавите во јавноста во поглед на отстапката од 3 метри во градењето е уште еден основ да веруваме дека осомничените службени лица во Општина Гостивар знаеле дека обвинетиот граѓанин изведува незаконски градежни активности кои отстапуваат од издаденото одобрение за градба. Сите потребни и неопходни објаснувања за овој конкретен случај, осомничените службени лица, да ги даваат пред надлежниот орган, а тоа е Основното јавно обивинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Најнови вести