ДКСК во врска со предметот што беше рефериран на седницата на ДКСК одржана на 15.03.2022 година, а се однесува на сомнежи за користење фалсификувани ISO сертификати од страна на економски оператор од областа на сервис, ремонт и монтирање на лифтови при учество на отворена постапка за јавна набавка за набавка на стоки – болнички лифтови во ЈЗУ Градска болница, со цел правилно известување информира дека:
– економскиот оператор е регистриран во Централниот регистер на РСМ но во тендерската постапка учествувал со фалсификувани ИСО сертификати, за што потврди овластената фирма за сертифицирање од Република Хрватска која од 2014 година не е присутна на македонскиот пазар.
– фирмата што ги издала фалсификуваните сертификати користени во јавната набавка е со наводно седиште во Скопје но таков правен субјективитет не постои во правниот промет на РСМ и не е регистрирана во Централниот регистер на РСМ.