среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

До Владата не е доставена оставката на Милевски

До Владата не е доставена оставката на Милевски

До Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски официјално не е доставена оставката што ја најави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, велат за МИА од владината прес-служба.

Горан Милевски најави дека идната недела ќе се повлече од  функцијата министер за локална самоуправа во Владата. Информацијата тој ја потврдил утрово за ТВ 21 и за Локално.

-После тригодишно извршување на функцијата министер за локална самоуправа сметам дека е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП, вели Милевски во врска со информациите во медиумите дека се повлекува од функцијата во Владата.

Во ЛДП, партијата чиј претседател е, се водат разговори за негов наследник во министерскиот ресор. Тој тврди дека не постои раздор во партијата и оти до крајот на годината треба да се одржи редовен конгрес на кој ќе се донесат клучни партиски одлуки.

Милевски во 2015 година ја наследи лидерската позиција во ЛДП од Андреј Жерновски.

Горан Милевски е министер за локална самоуправа од 2019 година. Оваа функција ја извршуваше во првиот мандат на Владата предводена од Зоран Заев, во преодната Влада, а потоа и во вториот мандат на владиниот состав на Заев. Ресорот локална самоуправа го задржа и во актеулана Влада на премиерот Димитар Ковачавески, избарана на 16 јануари годинава. (МИА)

Најнови вести