петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Додека 40 илјади луѓе останаа без работа, владата троши пари на октоподи и свежа риба

Додека 40 илјади луѓе останаа без работа, владата троши пари на октоподи и свежа риба

Во време на пандемија, здравствена и економска криза кога секојдневно се отпуштаат работници власта се луксузира. Како последица на кризата изминатите неколку месеци во Македонија без работа останаа околу 40.000 работници. Од друга страна Владата и општините се фрлиле на расипништво.

На електронскиот систем за јавни набавки стои договор за набавка на прехранбени продукти пијалоци (безалкохолни и алкохолни) за потребите на Општина Центар. Градоначалникот Саша Богдановиќ на 26 август склучил договор за набавка на прехранбени продукти алкохолни и безалколни пијалоци за потребите на општината во вредност од 246.620,00 денари. Општина Центар направила набавка на кафе, растворливо кафе во гранули, разни видови чаеви бадеми, лешници, кикирики, индиски ореви за сопствени потреби.

Министерството за одбрана и секторот логистика пак склучило договор за набавка на газирани пијалоци во вредност од 3 557 488,19 денари.

Набавувала и Службата за општи и заеднички работи на Владата во периодот додека траеше корона кризата вршела набавки на луксузни добра како што се морски плодови свежа риба октопод, апетисани, кафе кадаиф и сувомеснато.

Имено, Службата за општи и заеднички работи вршела набавка на морски плодови, свежа риба и окропод во износ од 565.299 денари, понатаму кафе и еспресо во износ од 1.707.039 апетисани во износ од 449.631 и сувомеснато во износ од 713.029 денари.

Непродуктивните трошоци кога секојдневно се отпуштаат вработени се неосновани. Истите се доказ за расипничкото трошење на Владата во време на криза кога компаните и граѓаните едвај преживуваат, а владата се гости со пијалоци, морска храна, апетисани и сувомеснати.

Најнови вести