Словенечката Влада го финализира текстот на новиот Закон за ублажување на последиците од коронавирусот кој според најавите ќе „тежи” речиси три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Владини извори информираат дека ако со првиот Закон, целта беше да се зачуваат работните места и да им се помогне финансиски на граѓаните, со новиот ќе треба директно да се поддржи индустријата, односно да се задржи ликвидноста на компаниите.
Коалиционите владини партии синоќа во Брдо крај Крањ ги договараа деталите на законот, а по состанокот партии излегоа со изјави дека се задоволни од исходот и дека предлозите на сите партнери биле земени во предвид.
Опозицијата и Синдикатите во Словенија имаа големи забелешки за првиот Закон за помош на граѓаните и работниците, а првичните најави се дека тие не се задоволни и од новиот.
Деталите за Законот набрзо ќе бидат објавени, а се знае дека ќе се подготви и трет ваков пакет помош, со кој ќе се стави посебен акцент на државната помош за секторите туризам и угостителство кои трпат огромни финансиски последици до епидемијата на коронавирусот.
Инаку, додека целиот свет на секој можен начин се обидуваат да му помогнат на оние кои што се најпогодени од корона кризата, а поселден пример е, да не одиме подалеку Словенија која што со дополнителни три милијарди евра ќе ја помага нивната економијата, кај нас се случува спротивното, односно владата на Спасовски не само што птврди дека Буџетот им е длабоко под нулата, туку истите под менторство на нивниот им лидер Зоран Заев со зголемување на акцизата на горивата за три денари во Македонија удрија по грбот на народот.
Имено, регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,12 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 13.04.2020 година. Одлуката е донесена согласно новата Уредба за акцизи усвоена од Владата на Република Македонија.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 3,50 денари за литар, со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 54,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголеми за 1,50 денари за литар и ќе изнесува 46,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 денар за литар и ќе изнесува 34,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,983 ден/кг и ќе изнесува 19,123 ден/кг.
Од 22.04.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 52,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 54,00 (денари/литар) Дизел гориво
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 46,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 34,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 19,123 (денари/килограм)
Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 0,903%, кај дизелот има намалување во просек за околу 11,190%, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 17,852% и кај мазутот се регистрира намалување во просек за околу 7,011 %. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е намален за 0,757%. Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.04.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.
Имено, неспорно е дека Светот го зафати големата корона криза, тоа е неспорно. Секоја држава и власт во светот на секој начин се обидуваат да му помогнат на својот народ, но кај нас државата и нашата власт и покрај сите зулуми што им ги на несоа на своето население, повторно удрија на грбот на народот, односно по втор пат откако се на власт за три денари ја зголемија акцизата на нафтените деривати во „нивната северна“ Македонија.
Додека сите во светот, на свој начин се обидуваат да го помогнат стопанството, кај нас владата предводена од Спасовски а под менторство на Заев со самото зголемување на акцизата на нафтените деривати удрија по грбот на сите граѓани.
Имено за пример една Словенија од нашиот регион, таа со нови 3 милијарди евра ќе ја помага нивната економија, а кај нашите власти кои што уште зимоска викаа дека буџетот ни е во одлична кондиција, пред неколку дена признаа дека во буџетот им фалат повеќе од 2 милијарди евра, односно потврдиле дека за 3 години потрошиле со се што располагаат и не довеле до банкрот.
Единствено ни останува да се молиме оваа криза што побрзо да помине и да нема никакви последици врз грбот граѓаните на Македонија.
Заклучокот од сето ова е, вие гласајте не, ние ќе ви ја укинеме „радиодифузната такса од 190 денари, а во меѓувреме ние преку акцизата на навтените деривати кога во светотот нафтата е под минусот ние ќе ви ја дереме кожата…“.