сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блинкен ќе разговара за „конкретни чекори“ со Израел за помош на цивилите

Блинкен ќе разговара за „конкретни чекори“ со Израел за помош на цивилите

Американскиот државен секретар, Антони Блинкен за време на неговата претстојна посета на Тел Авив ќе разговара за чекорите што Израел „може и треба“ да ги преземе за да се минимизираат цивилните жртви.

– Ќе разговараме за конкретни чекори што може и треба да се преземат за да се минимизира штетата за мажите, жените и децата во Газа, а тоа е нешто на што се посветени САД, рече Блинкен.

Стејт департментот соопшти дека Блинкен се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со други лидери на израелската влада.

– Кога ќе видам палестинско дете, момче или девојче, извлечено од под остатоците на урната зграда, тоа ме погодува исто како да гледам дете во Израел или на кое било друго место. Значи, тоа е нешто на што имаме обврска да одговориме и ќе го направиме, рече тој.

Одговарајќи на прашање дали Израел покажал воздржаност во офанзивата во Газа, Блинкен само го повторил правото на Израел да се брани и „одговорноста да направи се што е можно за да ги заштити цивилите“.